utorak, 29. svibnja 2018.


                    Brave monk
нападите од тријазичниците. Црноризац Храбар е монах и средновековен писател од најстариот период на старословенската литература, чиј идентитет досега не е одреден. Постојат многу докази дека Црноризац Храбар бил еден од учениците на Кирил, Методиј, Климента и Наум, кои, по протерувањето од мисијата во Велика Моравија, ја пренеле својата работа на Балканот, на преминот од 9 до 10 век. Освен за оваа дискусија, нема сочувани дела од овој монах. Псевдонимот значи „калуѓер храбар“. Поради засилената борба на грчкото свештенство против Словените преку т.н. „елинизација“ како писател морал да се крие зад псевдоним преку кој ја пренесува пораката за потребата од старословенска литература и нејзиниот пробив. 

          Според неговите искази во делото, работел и творел во Охридската книжевна школа. Текстот е напишан во X век, а зачуван е еден препис од XIII век, пронајден на Света Гора. „О писменех“ е краток полемичен текст (трактат) напишан на едноставен и конкретен начин. Некои слависти сметале дека зад овој псевдоним се крие Наум Охридски, за жал други податоци за него нема.
             
            Во воведниот осврт на потребата од словенски јазик авторот дава објаснение дека порано Словените немале книги, туку се служеле само со рески и цртички, но кога се покрстиле биле принудени словенските зборови да ги пишуваат со грчки и римски букви. Потоа човекољубецот Бог се смилостил и го испратил Св.Константин филозоф, праведен, човекољубив, вистинољубив мисионер кој приготвил 38 букви според образецот на грчката азбука и според словенскиот јазик. Притоа како што грчката азбука започнува со „алфа“, така словенската започнува со „аз“, соодветно на тоа како што Грците ги направиле своите букви на основите на еврејските букви по примерот на значењето на „алфа“ како „учи се“ и така го примиле тоа „алфа“, соодветно и Словените го основале своето „аз“. 

           Кај словенските букви за да се отворат устите на децата при учење на „разумот преку буквите“ се користи првата буква „аз“. Некои се прашуваат зошто во словенската азбука има потреба од 38 букви кога може да се пишува и со помалку како во грчката збука со 24 букви, но тие не ги познавале уште 11 двогласки и три знака за броевите 6, 90 и 900 та се собираат 38 букви. 

        Некои пак зборуваат зошто се словенските букви кога во евангелието пишува „ имаше таму штица напишана на еврејски, римски и грчки“, значи не се споменува словенски јазик, но како тие ќе објаснат дека и пред овие три јазици постоел „сириски“ јазик на којшто зборувале Адам па се до потопот кога Бог ги разделил јазиците во Вавилонската кула. И како што се размешале јазиците, така се размешале наравите и обичаите, наредбите и законите и искуствата (науките): на Еѓипќаните – геометријата, на Персијците, Калдеите и Асирците – астрономијата, гатањето, врачањето, маѓесувањето и секаква човечка вештина, на Евреите пак светите книги, а во нив е пишано дека Бог го создал небото и земјата и се на неа и по ред како што пишува, а на Грците – граматиката, реториката и филозофијата. Во продолжеток авторот дава историјат на појава на грчките букви:

  • Грците немале букви на свој јазик, а ги пишувале своите зборови со феничански букви,
  •  Палмид почнал со алфа – вита и им изнашол на Грците само 16 букви, 
  •  Симонид изнашол и додал уште две букви,
  • писателот Епихариј изнашол три букви и се собрале 24,
  • Дионисиј Граматик изнашол 6 двогласки, после друг пет, и друг три за броевите.




                    

                Црноризец Храбар „О                   писменех“(За буквите)

Темата е појавата и постоењето на словенската писменост, а идејата — да се докаже оправданоста на постоењето на таа писменост, нејзиното огромно значење, како и  одбрана од 

      И така многумина за многу години одвај собрале 38 букви. После тоа пак, кога поминале многу години, се нашле по божја волја 70 мажи, што го превеле од еврејски на грчки јазик (светото писмо). Свети Константин, наречен Кирил, сам и словенските букви и книги ги превел за малку години, а оние многумина и за многу години: седум души ги создале нивните букви, а седумдесет души преводот. Затоа словенските букви се посвети и подостојни за почит, зашто свет маж ги сторил, а грчките пак букви многубошци.

          Ако ги запрашаш Грците :„Кој ви ги создал буквите и превел книгите? – тоа малцина од нив и ретко знаат за тие работи. Ако пак ги запрашаш словенските книжевници: „Кој ви ги создал буквите и превел книгите? – сите знаат и одговарајќи ќе кажат: „Свети Константин Филозоф, наречен Кирил, тој нам ни ги создаде буквите и книгите ги преведе, заедно со брата си Методија. Уште се живи оние кои ги виделе нив“. 
     Авторот завршува со ставот дека „има и други одговори и на друго место ќе ги кажеме зашто сега нема време… Таков разум браќа, им подари Бог на Словенците, Кому му припаѓа слава, чест и држава сега, порано и во сите векови, амин“.

                                                                                                 Давид Трајчевски IX-3 одделение
     













1 komentar:

  1. Golden Nugget Casino - MapyRO
    Golden Nugget Casino is 남원 출장마사지 open daily 안양 출장샵 24 hours. The casino's 25,000 square foot gaming floor features over 2,000 대전광역 출장샵 slot 속초 출장마사지 machines. The venue also 전라남도 출장샵 features over 2,100  Rating: 3 · ‎2 reviews

    OdgovoriIzbriši